Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане има намера да инвестира свои пари во развојот на францускиот фудбалски клуб.

28-годишниот Сенегалец преговара од октомври минатата година за потенцијално исфрлање пари во францускиот Бурж Фут, кој се натпреварува во 4-та лига.

Мане е подготвен да инвестира пари во изградба на објекти и инфраструктура, да формира младински тим и да создаде женски тим со цел овој клуб да напредува понатаму.

„Односите и преговорите што ги имаме со Садио Мане се сериозни“, изјави градоначалникот на Бурж, Јан Галут, за францускиот медиум „Бери Република“.

Тој посочува дека, да не беше коронавирусот, сè ќе беше завршено до сега, но сега сè уште се чека конечен договор.

loading…