Опасно високи температури на југозападот од САД ќе има оваа недела. Температурите се очекува да надминат 49 степени и некои области ќе бидат изложени на суша и можни пожари.

Екстремни горештини ќе се почувствуваат во Јута, централна Калифорнија, Невада и Аризона, објави Гардијан.

Националната метеоролошка служба испрати предупредување за над 48 милиони на западот од САД за претстојните горештини, а се предвидува дека може ќе бидат соборени топлотните рекорди во Невада и Аризона.

-Овој налет на жешко време е невообичаено за јуни, истакнала метеорлогот Џули Малинговски и додала дека низ историјата највисоки температури се забележани во јули и август.