Пратениците на опозициската Народна партија го пречекаа претседателот на Србија Александар Вучиќ во Собранието со транспарент на кој се обвинува дека е предавник.

Српскиот парламент расправа за Извештајот на Владата за преговорите со Косово.

Парламентот заседава откако претседателот на Србија доби предлог од Европската унија за решавање на спорот со Косово.

Предлогот на ЕУ е попознат како француско-германски план и беше поддржан од Соединетите Американски Држави.

Тој план не е објавен во јавноста, туку е претставен на двете страни.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на својот говор во парламентот изјави дека не смее да го покаже целиот европски план за Косово, туку дека ќе го претстави она што е најлошо за Србија.