Пратениците денеска на пленарна седница дебатираат за намалување на ДДВ-то за струјата од 18 на 5 проценти. Министерството за финансии како предлагач, не иницираше измени во законот за намаленото ДДВ да важи ретроградно од први јули, како што беше ветено, туку откако ќе биде објавено во Службен весник. Тоа значи дека на граѓаните за претходниот период ќе им биде тарифирана повисока цена. Опозициските партии велат дека ќе го поддржат намалувањето на данокот, но обвинија дека власта ги замајува граѓаните пред локалните избори затоа што од следната година ќе плаќаат поскапа струја.

Advertisements

„Власта реши предизборно да намали ДДВ за граѓаните да не ја почувствуваат новата цена, но затоа веќе од идната година ќе се качи ДДВ на 10 проценти, а во 2023, ќе се врати на старите 18 проценти“, рече Тимчо Муцунски- пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Парламентарното мнозинство не го прифати амандманот со кој баравме ДДВ за електричната енергија од 18 на 5 проценти, не само за една година, туку тоа да важи во наредните 10 години. Затоа сметаме дека треба да се обратиме до граѓаните со намера да им ја разоткриеме измамничката политика на Владата која служи за изборниот период“, рече Илире Даути- пратеничка Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе