Чешка ѝ даде рок на Русија до денеска напладне да дозволи враќање на 20 чешки дипломати, кои беа протерани како одговор на протерувањето на 18 руски дипломати од амбасадата во Прага.

„Му соопштив на рускиот амбасадор дека Руската Федерација има рок до утре до 12 часот да ги прими сите протерани дипломати назад во Москва. Ако не го стори тоа, ќе одлучам да го намалам бројот на руски дипломати во Прага, така што тоа да одговара на сегашната состојба на амбасадата на Чешка во Москва “, изјави пред новинарите новиот чешки министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек.

– Advertisement –

Прикажи повеќе