Познато е кој е човекот кој вчера му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој е под истрага за напад на јавен функционер, вели локалниот обвинител.

Човекот нема криминално досие и води клуб за љубители на средновековно мечување. Полициски извор го идентификува осомничениот како Демијан Тарел (28), пренесе Ројтерс. Макрон, кој се наоѓа на турнеја за да го почувствува „пулсот на земјата по пандемијата“, доби шлаканица во јужна Франција додека се поздравуваше со граѓаните. Тарел и уште еден маж се наоѓаат во притвор. Обвинението за напад на јавен финкционер предвидува максимална казна затвор од три години и глоба од 45.000 евра.

Видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи. Претходно, екс генерали му се заканија со пуч на Макрон. Тие обвинија дека Макрон не може да го спречи распадот на земјата кој го прават исламистите.