Заврши групната фаза на Европското првенство што се игра од 11 јуни до 11 јули.

Откако Германија и Унгарија вечерва одиграа 2:2, исто како Франција и Португалија, ги дознавме сите парови од осминафиналето на ЕУРО.

Најголемо внимание привлекуваат дуелите меѓу Англија и Германија на Вембли и Хрватска и Шпанија на Паркен во Копенхаген.

Французите ќе играат против Швајцарија во Букурешт, а Португалците против Белгија во Севилја. Италија исто така ќе игра против Австрија на Вембли, додека Велс и Данска ќе ги одмерат силите во Амстердам.

Возбуда се очекува и на натпреварот помеѓу Холандија и Чешка, кој се игра во Будимпешта, и Шведска и Украина во Глазгов.

Натпреварите се играат на 26, 27, 28 и 29 јуни. Два натпревари на програмата секој ден. Прво следува дводневна пауза, потоа започнува нокаут фазата и повозбудливиот дел од секое натпреварување.

Осминафинални парови:
Велс – Данска
Италија – Австрија
Холандија – Чешка
Белгија – Португалија
Хрватска – Шпанија
Франција – Швајцарија
Англија – Германија
Шведска – Украина