Фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио влегува во финалето.

Денеска се одиграа натпреварите од четвртфиналето, а пласман во полуфиналето остварија Шпанија, Јапонија, Бразил и Египет.

Денеска, по продолженија, Шпанија го совлада Брегот на Слоновата Коска со 5:2, а противник на Црвената фурија во следното коло од натпреварувањето ќе биде домашната селекција на Јапонија.

Јапонците денеска го победија Нов Зеланд по пенали. Беше 0:0 по 120 минути игра, но јапонските фудбалери перфектно ги изведоа пеналите и се пласираа во следната рунда од натпреварувањето со победа од 4-2.

Главниот фаворит за златото, селекцијата на Бразил минимално го совлада Египет со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Куња во 37. минута, на асистенција на напаѓачот на Евертон, Ричарлисон.

Бразилците во полуфиналето ќе се соочат со Мексико, кое во феноменален натпревар ја совлада Јужна Кореја со 6:3.

Полуфиналните натпревари на фудбалскиот турнир на Олимписките игри ќе се одиграат на 3 август.

Полуфинални парови:

Бразил – Мексико
Јапонија – Шпанија