Серијалот „Умри машки“ е еден од најпознатите акциони филмови на сите времиња. Како што е познато, главната улога во оваа реализација ја имаше Брус Вилис, кој го толкуваше ликот на детективот Џон Меклејн. Сепак, поранешниот сопруг на Деми Мур не прифатил веднаш да го игра славниот полицаец.

Според странските медиуми, улогата на Џон Меклејн им била понудена на многу други холивудски sвезди пред Вилис, како Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне, Клинт Иствуд, Мел Гибсон, Џејмс Кан и Ричард Гир.

Сепак, едно име може да ве изненади. Имено, Џон Меклејн требало да го игра, верувале или не, Френк Синатра. На славниот пејач, кој во тоа време бил во осмата деценија од животот, му била понудена улога, бидејќи филмските продуценти сметале дека тој има соодветно искуство, но тој ја одбил улогата.

Instagram
Instagram

Имено, во 1968 година, Френк Синатра глумел во филмот „Детективот“, кој е базиран на истоимениот роман на писателот Родерик Торп, пишува „НМЕ“. Она што е интересно е дека книгата „Детективот“ има и продолжение наречено „Ништо не трае засекогаш“, на кое се базира филмот „Умри машки“.

Инаку, со текот на годините тој дебатираше дали „Умри машки“ е Божиќен филм или не. Режисерот на филмот, Џон МекТирнан, даде свое видување.

„Ние немавме намера да биде Божиќен филм, но радоста што произлезе од него доведе до тоа да биде Божиќен филм“, изјави Мектирнан.

Умри машки“ не е божиќен филм. Туку проклето добар филм за Брус Вилис“, рече актерот пред две години.

Актери кои ја одбија улогата на Џон Меклејн:

Арнолд Шварценегер / Instagram
Силвестер Сталоне / Instagram
Ричард Гир / Instagram
Instagram
Френк Синатра / Instagram

Преземено од Еспресо.мк