Австралиската пејачка јавно ја пофали првата дама на Франција…

Првата дама на Франција, Брижит Макрон (67) секојдневно го привлекува вниманието на јавноста, како поради бракот со 24 години помладиот сопруг, претседателот на Франција, Емануел Макрон (43), така и со своите модни изданија.

Пофалби на сметка на нејзиниот изглед пристигнаа и од австралиската пејачка и текстописец Сиа (45).

Таа во интервјуто за францускиот весник „Le Journal du Dimanche“ упати низа убави зборови за француската прва дама.

Фото: Профимедиа

„Брижит Макрон е многу атрактивна, сензуална убавица. Таа е многу секси“, изјави пејачката.

Пејачката позната по својот хит „Chandelier“ не можеше да сокрие колку е импресионирана од францускиот претседателски пар, па така таа даде свое позитивно мислење и за нивната разлика во годините, нивниот физички изглед, но и фактот дека совршено функционираат како пар, што е очигледен доказ дека се полни со самодоверба.

Фото: Профимедиа