Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски попладнево во 14:45 часот по македонско време во финалето на ОИ во категоријата +80 килограми ќе се бори против Русинот Владислав Ларин.
На патот до финалето, најголемиот македонски адут на Олимписките игри во Токио, го расутири Кјо Дон Ин од Јужна Кореја во полуфиналето со 12:6.
Претходно, Георгиевски во четвртфинакето го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. А утринава, на стартот од турнирот направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.