Последните денови пожари се проширија во некои региони во Косово. Како резултат, евидентирана е една жртва во селото Новосела во Малишева. Според изјавите на роднините, постои сомневање дека жртвата по полноќ отишла во својата штала, за да се увери дали пожарот е целосно изгаснат или повторно е активиран. Се сомнева дека неговата смрт е предизвикана од чад. Во Албанија повеќето од пожарите се изгаснати. Под контрола е ставен пожарот во Ѓирокастро каде пред еден ден имаше една жртва, додека критична состојба продолжува на полуостровот Карабурун.

Advertisements

Дури и земјите од Западна Европа продолжуваат да бидат „окупирани“ од активни пожари кои изгореа големи површини на шуми и населени области. Најопасно и натаму е Турција каде пожарите однесоа животи на осум луѓе, додека во Италија и Грција има само со материјална штета.

152 од 163 жаришта кои беа активни до 28 јули се изгаснати, додека 11 од нив се активни. Овие пожари зафатија 18 области, 78 села, 2 илјади 219 земјоделци во пет различни провинции. Многу други земји и помогнаа на Турција, вклучувајќи ги Азербејџан, Иран, Русија, Хрватска, Шпанија и Украина, вклучувајќи ја и Европската Унија. Грчката држава исто така се соочува со големи пожари кои за среќа досега не предизвикаа човечки жртви туку само материјална штета.

Многу луѓе загубија се што имаа, куќи и стока, додека се соочуваат со друг феномен, каде што многу луѓе ја искористија можноста да ограбат се од вредностите што го остави пожарот. Сардинија, Сицилија, Калабрија и јадранскиот брег се најпогодени од пожарите во Италија, каде што причината за пожарите се високите температури, а некаде се намерно предизвикани. Илјадници пожарникари се борат со огнот, но не успеаја да го локализираат. Околу 20.000 хектари земја беа изгорени со шуми и пасишта, а 1.500 луѓе беа евакуирани. Според студиите, ќе бидат потребни најмалку 15 години за да се опорави екосистемот.

Алсат