Предлог- законот за данок на солидарност е повлечен од процедура во Собранието. Но, Стопанската комора не е задоволна од повлекувањето, бара целосно прекинување на постапката и консултација со бизнис секторот.

Врз основа на практиката на западните земји, Комората бара договор меѓу јавниот и приватниот сектор, кој секогаш би се почитувал, без разлика на промената на власта, додека одлуките што ќе се носат во иднина треба да обезбедат сигурност и за компаниите и за граѓаните.

Компаниите потписници на иницијативата против Законот за данок на солидарност оценуваат дека решението има селективен пристап бидејќи ги опфаќа само најголемите компании. Компаниите оценуваат дека овој предлог ги обесхрабрува успешните компании.