Централната изборна комисија на Косово ги потврди конечните резултати од предвремените избори на 14 февруари. Движењето Самоопределување освои 50,28% од гласовите што му даваат 58 мандати во Собранието кое вкупно брои 120 места. Второрангираната Демократска партија на Косово има 19 пратеници, Демократскиот сојуз 15 места, додека 8 места ќе има Алијансата за иднината на Косово. Од малцинствата, Српската листа обезбеди 10 загарантирани места, две има за Турската демократска партија и по едно Коалицијата Вакат, Горанската партија, Новата демократска иницијатива на Косово, Новата демократска партија, Ашкалиите, иницијативата за Ромите, Ромското напредно движење и Социјалдемократскиот сојуз.

Од тука сакам да им се обратам на пратениците во следниот законодавен дом, политичките субјекти, да не ја оставаат изборната реформа на крстосница, туку да ѝ го дадат вистинскиот пат – изјави Валдете Дака, Претседателка на ЦИК на Косово.

– Advertisement –

Со реакција се јави канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Очекувам институциите на Косово да се формираат што е можно поскоро и да започнат да работат во корист на граѓаните на Косово – напиша Томас Сзунјог, Шеф на канцеларијата на ЕУ, Косово.

По потврдувањето на резултатите сега в.д претседателката Вјоса Османи, во рок од 30 дена мора да ја свика првата седница на Собранието за да се формира новиот состав на институциите.

Алсат