Големо невреме попладнево го зафати главниот град на Македонија. Невремето беше проследено со силен ветер, дожд, како и наместа со град, јавува ТВ21. На скопското подрачје можат да се забележат и паднати дрва, како и поплавени улици. Се препорачува внимателно возење.