Македонија, денеска во 14 часот на денот на најголемиот фудбалски собир на планетата ќе одигра контролен меч против селекцијата на Азербејџан. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, ќе има можност за последен пат да ги „склопи коцките“ за следните тешки предизвици кои ги очекува македонската селекција, а тоа се квалификациите за пласманм на ЕП 2024 година.

Advertisements

Сите грешки и сите тактички варијанти ќе треба да се пробаат денеска, со оглед дека од март натаму Македонија ќе нема право на грешка, ако сака уште еднаш да се пласира на ЕВРО.

А, противник на македонската селекција денеска ќе биде Азербејџан. Шанса да се победи и да се зголеми самодовербата, но и шанса да се прекине лошата серија без победа која трае четири натпревари (Грузија, Бугарија, Саудиска Арабија и Финска).

Со нешто изменет тим од последниот меч со Финска, Македонија денеска ќе излезе на мегдан со Азербејџанците. Сигурно ќе ги нема Алиоски и Миовски кои откажаа поради семејни причини и поради болест, а сигурно дека некои од оние кои беа на теренот 90 минути со Финците, ќе го почнат мечот од клупата денеска.

Прикажи повеќе