Роберто Мартинез може да го преземе кормилото на репрезентацијата на Португалија. Стратегот ја водеше Белгија шест години, но ја напушти функцијата по неуспехот на Светското првенство во 2022 година.

Advertisements

Португалија е без селектор откако Фернандо Сантош си замина по Мундијалот. Федерацијата назначи неколку имиња како потенцијални замени за него, а меѓу нив е и Мартинез.

Поранешниот тренер на Свонси, Виган и на Евертон допрва треба да одлучи дали сака да се врати во клупскиот фудбал или да преземе друга репрезентација.

Во првите денови по разделбата со Фернандо Сантош, упорно се шпекулираше дека нов селектор на Португалија ќе биде Жозе Мурињо, но оваа опција сепак отпадна.

Прикажи повеќе