Поранешниот тренер, а сега стручен коментатор, Фабио Капело смета дека Кристијано Роналдо направил катастрофална грешка при реакцијата во живиот ѕид, која го сврте грбот, ја крена ногата, а топката поминувајќи под него заврши во мрежата на Јувентус. Ова се случуваше во продолженијата од мечот со Порто, а голот значеше елиминацијата на „Старата дама“.

-Првиот гол е подарок, а вториот е апсолутна негрижа. Вакви голови не смеат да се примаат. Демирел беше наивен, не може да се пресече топка така. Но, она што го направи Роналдо е ушт еполошо. Скок и се сврте со грб во живиот ѕид. Било кој да е во ѕидот не смее да се исплаши да не го погоди топката. Тоа е грешка која не смее да се прости, за таква грешка нема изговори, вели Капело.

Инаку, Капело од 2004-та до 2006-та година беше тренер на Јувентус, и две шампионски тутули.