Вчеравечер беше отворена новата приватна клиника –ВФВ клиник, под слоганот „ВЕРНИ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ“.

На отварањето присуствуваа претставници на државниот врв, претседателот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, ресорниот министер за здравство Венко Филипче, Шахи Фетаху претседател на ИВЗ и претставници на амбасади, еминентни бизнисмени и доктори.

Свое обраќање имаше директорката на ВФВ клиник Д-р Лилјана Којиќ која го отвори официјалниот дел на настанот и ги најави сопствениците на ВФВ клиник, поранешниот министер за економија Беким Незири,  и бизнисменот Ферки Демировски кои во своето излагање јасно ја пренесоа главната порака на клиниката и изразија голема благодарност за целосната поддршка упатена од сите за отворање на ваков здравствен дом.

„Горди сме што успеавме да обезбедиме врвна медицинска технологија од последна генерација, но уште по горди сме со тимот на доктори и медицински персонал кој на оваа опрема ќе и даде душа, бидејќи нашите соседи и клиенти заслужуваат најдобра технологија и најдобра услуга“изјави Димировски.

„Идејата започна во пишана форма на еден лист хартија, а прерасна во проект кој ќе обезбеди сигурност и напредок на целокупниот здравствен систем. Чест и задоволство ми е да допринесам на ваков начин во земјата во која што живеам, како и за луѓето со кои ја делам оваа земја. Верувам во овој проект, како и многумина кои ме охрабрија да го започнеме заедно со мојот партнер“, истакна Незири.

ВФВ Клиник се наоѓа помеѓу општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари.