Рејмон Доменек пред крајот на минатата година беше назначен за тренер на францускиот прволигаш Ница, а на почетокот од оваа година со една изјава ја шокира светската фудбалска јавност.

Доменек кој беше и селектор на Франција со која играше во финалето на СП 2006 година, запрашан дали има новости, односно дали планира засилувања во зимскиот преоден рок, тој ги шокира новинарите.

Би сакал да го донесам Марадона, но тој е мртов… Така е како што е. Преодниот рок за мене, но и за други тренери е непријатен период. Тоа е период кога ја разбиваме постоечката група со носење на фудбалеи кои не играле во некој друг тим. Преодниот рок во кој ќе донесете квалитетен фудбалер е добар, но јас секогаш сум резервиран кога станува збор за трансферите во зимскиот преоден рок – изјави Доменек.