Две недели откако беше осуден во аферата „прислушување“, поранешниот претседател на Франција Никола Саркози денеска се враќа во обвинителната клупа поради прекумерно трошење пари за време на претседателската кампања во 2012 година.

Судот во Париз на 1 март го прогласи за виновен Саркози за корупција и за тргување со влијание и го осуди на 1 година затвор и уште две години условна затворска казна. Саркози вложи жалба на таа пресуда.

– Advertisement –

На Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, во аферата за трошење пари му се заканува една година затвор и парична казна.

Прикажи повеќе