Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.