Магда Линет ќе игра против Арина Сабаленка, додека Елена Рибакина ќе ги одмери силите со Викторија Азаренка. Три од четирите тенисерки се поранешни гренслем шампионки, а единствено Линет, која моментно е на 45. место на ВТА листата, ова и е најдобриот пласман во кариерата на најголемите турнири. Линет со 2:0 во сетови ја победи Каролина Плишкова, со 6:3, 7:5.

Противничка ќе и биде белорусинката Сабаленка, шампионка на Мелбурн во 2021 година, но и на УС Опен во 2019 година. Таа моментно е на петторангирана на ВТА листата, а во четврт-финалето ја совлада Дона Векиќ со 6:3, 6:2.

Сонародничката на Арина, Викторија Азаренка, сака ја продолжи потрагата по третата титула во Австралија опен, по 2012 и 2013 година. Таа ќе игра против 25. тенисерка на ВТА листата, Елена Рибакина, казахстанка со руско потекло, актуелна победничка на Вимблдон./Makfax

Прикажи повеќе