Микропластиката која ја испуштаат автомобилските гуми во околината може да се насобере во салатата и во останатите билки кои ги јадеме, покажа лабораториска студија, чии автори го свртуваат вниманието на една од заканите кои за околината претставуваат загадување кое го создава собраќајот.

Тоа е повеќе од оправдана причина одговорните лица од автомобилската индустрија да бараат поеколошки пристап во изработката на автомобилските гуми, велат од Центарот за микробиологија и наука за системи во животната средина при Универзитетот на Виена.

Истражувачите откриле дека во лабораториски услови корените од салатата ги апсорбираат адитивите кои се содржани во гумите. Иако резултатите од студијата не биле применливи на терен, укажуваат на потенцијално големиот проблем кој се јавува поради трошење на гумите и нивното влијание на околинатам објавија австриските научници во списанието Environmental Science & Technology.

Половина од микропластиката во светот се создава поради абразијата на автомобилските гуми. Проблемот е во тоа што микропластиката која се емитува во околината при триењето на гумите од тлото може да содржи отровни хемикалии. Адитивите кои го гумите ги ставаат производителите за да добијат одредени својства како издржливост во одреден момент се слеваат во фабриките за прочистување на отровните води. Тоа се случува, на пример, кога врне.

Тие отпадни води потоа често се користат како ѓубриво. Тоа е вообичаена пракса во некои делови од Европа, Блискиот Исток и во Северна Америка. Швајцарија веќе забрани ѓубрење со таква вода. Микропластиката од абразијата на гумите мопже да стигне и до земјоделското земјиште преку ветрот Како што тврдат научниците, еден од адитивите наречен 6PPD се смета дека е виновен за угинувањето на речиси сите лососи во одредени делови од реките на северозападниот дел на САД. Се верува дека микропластиката стигнува таму преку отпадните води кога врне.

Уште не е утврдено во која мера тие материи се токсични за луѓето и за останатите живи организми, поради што австриските научници сакаат да направат нови анализи.