Големо невреме кое во вторникот ја погоди Германија, продолжи да „хара“ и во текот на вечерта, а најтешка ситуација е во Северна Рајна – Вестафилија, Баварија, Баден-Виртемберг и Саксонија, каде условите понекогаш во вторник вечерта беа катастрофални, пренесува Билд.

Еден маж исчезнал во поплавите во Саксонија. Според најновите податоци, тој во вторникот вечерта се обидел да го провери имотот кој го поседува од надојдената река, но водата го однела. Соседите се обиделе да го спасат, но безуспешно.

Поради силниот дожд и силните грмежи, округот Хоф во Баварија прогласи состојба на катастрофа.

Во текот на ноќта полицијата и пожарникарите одговориле на над 200 повици.

Градот Зелбиќ исто така бил тешко погоден од невремето, а службите за итни случаи добиле повеќе од 120 повици. Патиштата во целиот округ се затворени поради поплавите, подрумите на куќите се полни со вода, дрвјата се паднати на улиците додека граѓаните се борат со повремени прекини на електричната енергија.

Невремето ги погоди Хаген и Дизелдорф, улиците беа поплавени, додека калта од падините ги покри патиштата, па многу окрузи не беа проодни. Поради остатоци на улиците, до некои области не може да пристапat полициски или противпожарни возила. Во текот на ноќта имало 180 операции на противпожарната единица во Дизелдорф.

Според прогнозата на германската метеоролошка служба денес се очекуваат обилни врнежи од дожд и невреме, а се предвидува од четврток наутро да наврнат од 50 до 100 литри дожд на метар квадратен. Локално, можни се и до 200 литри.

Во текот на средата, можни се грмежи со пороен дожд на север, запад и на работ на Алпите.

До петок навечер можни се количини на врнежи до 100 литри на метар квадратен.