Политичари, бизнисмени и инспектори се меѓу приведените при акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) и Министерството за внатрешни работи, објави „360 степени“.
Според неофицијални информации, акцијата се спроведува утрото на повеќе локации во Скопје и околината. Досега се приведени шест или седум лица, но со кривичната пријава се опфатени повеќе.
Според првичните информации, меѓу приведените е Исмет Гури, член на ДУИ, кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности, како и неговиот син. Дознаваме и дека приведени се инспектори на Управата за јавни приходи каде Гури беше заменик-директор. Апсењата се поради сомнение за перење пари и затајување данок.