Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што беше воведена на 6 април завршува утре.

Од Комисијата за заразни болести за МИА информираа дека донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена.

Владата утре на седница ќе ја разгледа денеска донесената препорака од Комисијата за заразни болести, а што ја разгледа и Кризниот штаб, за продолжување на рестриктивните мерки.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.663 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.