Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Франк Кеси, нема намера да го напушти клубот во јануари. 26-годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска дојде од Милан на слободен трансфер минатото лето, но сѐ уште нема позиција на стартер во тимот на Чави Ернандез.

Во последните денови многу се зборува дека тој може да биде продаден во зимскиот преоден рок, но фудбалерот нема намера да го напушти „Камп Ноу“, пренесува каталонски „Спорт“.

Кеси досега има 18 настапи за Барса, но само два натпревари во Ла Лига. Сепак, тој е мотивиран да се докаже во каталонскиот тим. Покрај тоа, неговото семејство исто така се чувствува добро во Барселона и ова е уште една причина зошто тој не сака да замине.

Се чини дека играчот од средниот ред ќе остане на „Камп Ноу“ барем до лето и покрај интересот за него од Тотенхем, Челси и од Интер.

Прикажи повеќе