Мануел Ноер нема да го подигне трофејот со германската репрезентација ова лето.

Германците беа поразени од Англија во осминафиналето на Европското првенство и го завршија патот кон ЕУРО, но Нојер покажа дека знае многу добро да го издржи поразот.

После натпреварот, голманот на Баерн реши да го потпише дресот и да му го даде на голманот на Англија, Џордан Пикфорд, кој очајно сакаше да го поседува.

На крајот, покрај дресот, тој доби и потпис, што уште повеќе го израдува.

“Реков дека ќе го побарам дресот на крајот од натпреварот и успеав во тоа. Добив дрес со потпис”, рече Пикфорд и додаде:

“Ми беше огромно задоволство да играм против него. Ќе го врамам дресот”, изјави англискиот голман.

Пикфорд откри и што му рече Ноер по натпреварот.

„Ми честиташе и ми посака среќа, без оглед на тоа што беше многу разочаран по поразот“, истакна англискиот голман.

Мануел Ноер одигра 104 натпревари за германската репрезентација, а се очекува тој да остане број еден и капитен на националниот тим под водство на новиот селектор Ханси Флик.