Двајца маскирани напаѓачи вчера во Подгорица украле блиндирано поштенско возило во Подгорица, кое превезувало пари, објавија црногорските медиуми.

Полицијата се уште не го коментирала инцидентот, а според медиумите разбојниците успеале да го украдат блиндираното возило на Поштa на Црна Гора.

Се уште не е познато колку пари имало во возилото.