Град Скопје започна уште еден проект кој ќе придонесе за рамномерен развој и уредување на градските јавни површини. Денеска увид во почетокот на градежните работи на реконструкција на краци на улицата „Славејко Арсов“ изврши градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, информираат од Град Скопје.
Со овој проект, велат, ќе биде реконструиран коловозот со површина од 4700 квадратни метри, поставени рабници и нивелирани 38 шахти. Работите на терен ги изведува градското јавно претпријатие ЈП „Улици и патишта“.