Викендов се одиграа натпреварите од 19-то коло во Првата македонска фудбалска лига со што започна пролетната сезона. На натпреварот помеѓу Победа и Работнички во Прилеп беше постигнат првиот гол во сезоната. Стрелец беше Дејан Ѓуриќ, кој поентираше по 14 минути игра во предизвикот кој заврши со победа на гостите од 2-0.

Екипата на Шкупи се издвои од Шкендија во трката за титулата шампион откако забележа победа од 2-0 во дербито одиграно во Кичево. На домашните доволни им беа головите на Фреди Алварез и Кристијан Трапановски.

„Беше интересен натпревар, со шанси за двете екипи. Имавме добри шанси, исто како и Шкендија, но среќата беше со нас. Имавме два наврати каде два пати погодивме и со овие два гола ја остваривме победата, со која сме многу добри, многу комотни и се надеваме дека ќе одиме нагоре“, рече Арбен Нухиу, помошник тренер на ФК Шкупи.

Актуелниот лидер успеа да освои бод против Тиквеш во Кавадарци и да го задржи врвот на табелата благодарение на голот постигнат во 87 минута на Валентин Кочовски. Тоа воедно беше и најубавиот гол во ова коло.

Во пресрет на натпреварот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев, домашниот тим му приреди изненадување на Арби Воша. Имено, тој го одигра 100-от натпревар во дресот на тимот од Ѓорче Петров и доби подарок. Инаку, Воша дебитираше во 2018 година, токму против Академија Пандев и од тогаш постигна 11 гола.

Махир Тачи