Легендата на југословенската забавна музика, Ѓорѓе Марјановиќ, почина на 89-годишна возраст од последиците од коронавирусот.

Како што пренесоа српските медиуми, познатиот музичар бил поврзан на апарати за дишење, а лекарите се бореле за неговиот живот во изминатите денови.

Ѓорѓе Марјановиќ е познат југословенски пејач, најпопуларен во текот на шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век во СФР Југославија и според многумина најголемата ѕвезда на југословенската поп музика.

Првпат запеал на аудицијата на поп-пејачи организирана од Здружението на џез музичари на Србија, а во наредниот период пеел на многу игранки и забави.