И натаму се шпекулира дека Маурицио Почетино наскоро ќе седне на клупата на ПСЖ, а воедно странските медиуми пишуваат и за можните нови засилувања во Париз.

И сега францускиот шампион има врвни имиња во својот состав, а Почетино има засега две желби двајца играчи кои настапуваат во италијанската Серија А.

Првиот е Кристиан Ериксен кој веќе е „отпишан“ од Интер. Аргентинскиот стратег добро го познава Данецот и има намера да го врати во фудбалскиот живот.

А вториот е Пауло Дибала кој веќе одреден период не се наоѓа во правата форма и Јувентус сака да го продаде.

Според „Тутоспорт“ париските „светци“ се подготвени да платат 60 милиони евра за Аргентинецот, но „Старата дама“ не сака да слуша понуди помали од 100 милиони.