Според најавите на Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, првиот повик од новата ИПАРД 3 програма ќе биде објавен на 18 август. 

-Она што можам да го најавам до земјоделците и до сите граѓани заинтересирани за аплицирање од мерките во #ИПАРД програмата е дека веќе е проектиран 18 август како датум кога ќе бида распишан првиот повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7 – Изјави Николовски.

Потсетуваме дека веќе тече подготвителниот период за сите што се заинтересирани за аплицирање и нови инвестиции

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2023 година се наменети за следните мерки:
➢ Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и
➢ Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во примарното земјоделско производство (вклучително и земјоделска механизација) и инвестиции во насока на диверзификација на земјоделските активности и развој на бизниси во руралните средини.

– Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници. Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија. Очекуваме квалитетни апликации – вели директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по содветната мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345, 071/381 – 453

Превземено од Агротим.мк