Кризата го направи своето, победниците на Вимблдон ќе добијат помалку пари од порано.

Наградниот фонд за овогодинешниот грен слем турнир Вимблдон е намален, а победниците во машка и женска категорија ќе добијат по 2,4 милиони долари, што е за скоро 28% помалку во однос на 2019 година.

Според организаторите на лондонскиот грен слем турнир, намалувањето на наградниот фонд се должи пред се на намалениот број гледачи што ќе бидат дозволени на трибините, како и на задолжителниот број тестови за тенисери и нивните делегации.

Минатата година турнирот не се одржа заради пандемијата на коронавирусот, а годинашното издание започнува на 28 јуни.