Откако во петокот беше откриено дека Евровизија 2023 ќе се одржи во Ливерпул, цените на сместувањето во градот вртоглаво пораснаа.

Како термини на Евровизија се закажани 9, 11 и 13 мај, а многу туристи се жалат дека веднаш по објавувањето на градот домаќин, нивните станоиздавачи почнале да им ги откажуваат веќе резервираните сместувања во тој период и да ги нудат по многу повисоки цени.

До 10.000 фунти за ноќевање

Според британските медиуми, на популарните платформи за изнајмување апартмани и хотели во Ливерпул, цената за тој период е од 2.000 фунти до 10.000 фунти за само една ноќ.

„Веќе резервирав станови во Глазгов и Ливерпул бидејќи сакав да се осигурам на еврото, а потоа мојата резервација во Ливерпул беше откажана. Се беше во ред со мојата картичка“, напиша еден незадоволен навивач.

„Исто така правилно резервирав и платив за сè. 12 часа подоцна мојата резервација беше откажана, а истото сместување повторно се појави достапно на платформата за 204% повисока цена“, откри друг.

Една жена резервирала хотел во Ливерпул за свадба што се одржувала истиот викенд, но добила и е-пошта од домаќинот со кој ја откажува резервацијата и дознала дека цената на хотелската соба е зголемена.

Велика Британија ја презеде организацијата на Евровизија поради војната

За потсетување, домаќин на натпреварот следната година требаше да биде Украина, откако во мај на натпреварот во Торино победи украинската фолк-рап група Kalush Orchestra, а британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со необичната песна Space Man.

И покрај негодувањето од владата на претседателот Володимир Зеленски, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја води Евровизија, заклучи дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели.

Украинската влада се согласи настанот да биде организиран од Велика Британија, но тој мора да зрачи со украинскиот дух и карактеристики.

Евровизија е најголемиот светски музички настан во живо, кој обединува изведувачи од цела Европа и Централна Азија, како и Израел и Австралија.