Радамел Фалкао повлече „дебел“ крај на тренингот во Галатасарај.

Имено, Фалкао на тренинг се судри со неговиот соиграч Актурукоглу и се здоби со тешка повреда на главата.

Искусниот напаѓач се здобил со фрактура на коските на лицето и бил пренесен во болница.

Галатасарај потврди дека ќе биде опериран и дека не се знае колку ќе трае паузата.

Актурукоглу нема сериозни повреди, а како претпазливост беше задржан во болницата.

Галатасарај во моментов е рангирана на третото место во турската Супер лига.