Актерот Феџа Стојановиќ после долго и тешко боледување почина во Белград на 74-годишна возраст, потврди Театарот „Атаље 212“.

Како што е објавено, Стојановиќ дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во 1973 година и оттогаш станал член на „Атаље 212“.

Работел и како професор на катедрата за глума на Академијата уметност на БК Универзитетот.

Покрај театарските претстави тој глумел и во филмовите „Таму и тука“, „Љубов и други злочини“, „Лепа села лепо горе“, „Чарлстон за Огњенка“, „Сироти мали хрчки“, „Мала ноќна музика“ и др.

Исто така, неговиот лик се појави и во многу познати серии како „Село гори, баба се чешла“, „Бела Лаѓа“, „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Кошаркари“, „Мојот роднина од село“ и др.

Добитник е на повеќе престижни награди, меѓу кои наградата „Страхиња Петровиќ“ и „Танхофер“, како и бројни други актерски признанија.

Како што е наведено, времето и местото на погребот и комеморацијата ќе бидат дополнително објавени.