Агусти Бенедито не собра доволно потписи, и нема да биде меѓу кандидатите за прв човек на фудбалскиот клуб Барселона.
Иако имаше свои големи планови, како уривање на „Камп Ноу“ и изградба на нов стадион и веројатно заминување на првата ѕвезда во составот Лионел Меси, ни овој пат Бенедито не успеа да собере доволно поддршка од членовите на клубот.
Тој не успеа да ги собере потребните 2257 гласови и нема да биде меѓу кандидатите за претседател на каталонскиот клуб.
Главните кандидати Жоан Лапорта, Виктор Фонт, Тони Фреиш и Емили Русо денеска ќе се појават во клубот и ќе ги предадат своите потписи.
Претседателските избори во ФК Барселона се закажани на 24 јануари 2021 година, а фаворит за победа според експертите е Лапорта.
Лапорта ги откри картите: Доколку повторно стане претседател, Барселона ќе биде непобедлива