Миралем Пјаниќ не ја спроведува својата авантура како што замислуваше. Со Роналд Куман тој е практично надвор и многу малку добива можност да игра.

Андре Кири, поранешниот шеф на Барселона за фудбал од Јужна Америка, го опиша донесувањето на Пјаниќ како една од најголемите грешки во историјата на фудбалот.

Бх репрезентативецот пристигна на Ноу Камп од Јувентус ова лето, додека Артур Мело тргна во спротивна насока.

“Тоа е една од најголемите грешки што сум ја видел во светот на фудбалот. Апсурдно е. Вие менувате 23-годишник кој има плата од два милиони за 31-годишник кој мора да има плата од шест милиони“, изјави Кири за каталонски Спорт.

Потоа се обиде да го брани и Артур.

“Нормално е дека Артур сè уште не можеше да покаже што знае, тој пристигна во клуб како Барселона и имаше повреди што му го попречуваа напредокот. Првата сезона беше малку збунет, по што се фокусираше”, изјави Кири

Откако не доби минутажа на второто Ел Класико оваа сезона, Пјаниќ можеби треба да го преиспита неговиот можен престој на Ноу Камп, бидејќи додека Куман е на клупата, тешко дека ќе игра континуирано.