Сите политички сили во земјата, вклучително и опозицијата, треба да работат заедно за обезбедување на иднината на Северна Македонија во ЕУ, изјавија за МИА од Европската комисија, откако вчера собраниската Комисија за уставни прашања ја изгласа потребата за пристапување кон измена на Уставот, со што почна процесот на уставни измени.

– Северна Македонија се обврза да го измени својот Устав. Тоа е суверена одлука. Во овој поглед се преземени првични чекори. Земјата дава добар пример за мултиетничко општество. Затоа, со измена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

Во однос на скриниг процесот на Северна Македонија со ЕУ, од Комисијата додаваат дека тој тече според предвиденото и се одвива непречено, а до Советот на Унијата веќе се доставени извештаите од скринингот по кластерот „Темелни вредности“.

– Што се однесува до неусогласености на националното законодавство со нормите и стандардите на ЕУ, главната цел на скринингот е да се процени каде постојат пропусти во домашното законодавство, вклучително и при имплементацијата и спроведувањето, вели Писонеро.

Таа посочи дека одржувањето на првата Меѓувладина конференција минатата година претставуваше значаен напредок и означи почеток на нова фаза во процесот на пристапување.

– Комисијата веднаш го започна скринингот, што е прв чекор во преговарачкиот процес, додаде Писонеро во одговорот за МИА.

Спроведувањето на уставните измени е условот за одржување на втората Меѓувладина конференција по завршувањето на