Далас Маверикс во ноќта зад нас на крилата на неверојатниот Лука Дончиќ ги победи Детроит Пистонс со 111:105. Далас се мачеше со еден од послабите тимови на Истокот, па Дончиќ мораше да „полуди“. Натпреварот го заврши со дури 53 поени и 70,8% шут од поле (17 од 24), а имаше и осум скока и пет асистенции. Спенсер Динвиди, кој постигна 10 од своите 12 поени во четвртата четвртина, исто така беше важна алка во победата на Далас.

Тоа беше петти натпревар со 50 плус поени во кариерата за Лука Дончиќ, четврти оваа сезона и втор најдобар ефект во историјата на Далас Маверикс по 53 поени на Дирк Новицки на 2 декември 2004 година против Хјустон и рекордот на франшизата на Дончиќ поставена против Њујорк Никс со постигнати 60 поени./Makfax/

Прикажи повеќе