Не треба да знаеме нечиј коефициент на интелигенција за да заклучиме дека таа личност е натпросечно интелигентна. Ќе ги препознаеме по пет работи што ги прават поинаку од другите.

  1. Ги доведуваат во прашање дури и највкоренетите мислења и верувања

Интелигентните луѓе не веруваат во се што ќе слушнат. Тие ги доведуваат во прашање традициите, верувањата, етичките норми, целиот систем во кој живееме, всушност сè што постои. Ништо не земаат здраво за готово и не ја следат толпата, туку за се размислуваат критички и темелно истражуваат пред да формираат сопствено мислење.

Сигурно не веруваат во се што ќе слушнат на вестите или од некоја авторитетна личност. Натпросечно интелигентните луѓе можат да видат низ лагата и не дозволуваат другите да си играат со нив или да ги ќошат. Догмата, односно принципите кои се претставени како непобитна вистина, не им значат ништо – тие го имаат мислењето што сакаат да го имаат и го следат својот пат во животот.

  1. Интелигентните луѓе никого не воздигнуваат на рајот

Луѓето со натпросечен коефициент на интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие знаат дека знаењето што го бараат и им е потребно може да го најдат во себе. Сфаќаат дека можеме да научиме нешто од секој човек во животот, но сфаќаат и дека самите не знаат сè.

Никој ги нема сите одговори и затоа натпросечно интелигентните луѓе не гледаат на никого како на идол. Тие се гледаат себеси како свој личен гуру кој има доволно мудрост и сила да се снајде во секоја ситуација.

  1. Тие се во постојана потрага по знаење

Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволуваат со она што го знаат – тие секогаш копнеат по нови знаења и искуства. Уживаат да ги прошируваат своите умови и да се вклучат во интелигентен разговор секогаш кога ќе добијат шанса.

Интелигентните луѓе се фасцинирани од знаењето и се зависни од него – не се задоволни со наученото бидејќи на тој начин умот ќе им стагнира. Тие разбираат дека знаењето е моќ и сакаат да се вооружат со што е можно повеќе ментална муниција.

  1. Своите мисли ги претвораат во дела

Натпросечно интелигентните луѓе знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да постигнат нешто во животот, разбираат дека она што го знаат мора да се примени во конкретни акции. Вашите мисли не се од корист освен ако не ги споделите со другите и не ги користите за да придонесете за светот, па интелигентните луѓе секогаш бараат начини да го применат своето знаење.

Тие нема да дозволат ништо да им застане на патот во нивната потрага да го искористат своето знаење за да го променат светот на подобро. Смислувањето нови планови за постигнување на нивните цели им дава големо задоволство.

  1. Ја знаат вредноста на времето поминато со себе во тишина

Повеќе од сè, луѓето со висок коефициент на интелигенција ја знаат вредноста на времето поминато со себе во тишина. Сите ние треба да дејствуваме, да работиме, да произведуваме, да се движиме, да заработуваме. Не трошиме доволно време размислувајќи, чувствувајќи, сакајќи…

Ова е причината зошто натпросечно интелигентните луѓе поминуваат што е можно повеќе време со себе и со своите мисли затоа што знаат колку е важно да погледнат длабоко во себе за да најдат одговори. Дури и да не бараат одговори во тој момент, сепак се свесни за важноста на времето поминато сами, далеку од вревата што не опкружува, бидејќи помага и за ослободување од стресот и за регенерација на умот, телото и душата.

Натпросечно интелигентните луѓе имаат одличен однос со себе и знаат дека оваа врска е основа за се останато во животот, пишува Satisfied.