Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење.
Песков наведува дека целта на руската инвазија врз Украина не е окупација на земјата, пренесе Тасс.
Портпаролот Песков изјави дека никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и дека целата кампања се уште се планира.
Запрашан за нуклеарното оружје, што постојано му се поставува како прашање од почетокот на руската инвазија, Песков кажа дека Русија ќе го употреби само доколку биде загрозено нејзиното постоење како држава.