Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска отфрли какви било промени во статусот на Херсонската област во врска со повлекувањето на руските трупи од Херсон на левиот брег на реката Дњепар.

Advertisements

На прашање дали е можно да се промени статусот на областа, за која Русија прогласи анексија на крајот на септември, Песков на брифинг одговори дека „Херсонската област е субјект на Руската Федерација и оти тој статус е законски дефиниран и фиксиран”.

– Нема и не може да има никакви промени, изјави Песков, пренесоа руските медиуми.

На прашањето дали ситуацијата кога Русија ги повлекува своите сили на левиот брег на Дњепар е понижувачка за рускиот претседател, Песков одговори: „Не”.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 9 ноември се согласи со предлогот на командантот на руските сили во Украина, Сергеј Суровикин, руските сили да се повлечат на левиот брег на Дњепар и таму да ја организираат одбраната.

Прикажи повеќе