Не е исклучена средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски, но таа треба да биде подготвена и финализирана со документ на кој работата е прекината, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Нашиот став и ставот на претседателот на Русија за средбата со Зеленски е добро познат. Никој априори не исклучува таква средба, тој никогаш не ја отфрлил, но мора да се подготви, а тоа има смисла за Путин, изјави Песков.
Тој додаде дека работата на мировниот документ со Украина е запрена одамна и рече дека луѓето во украинските региони Керсон, Запорожје и Донбас мора сами да одлучат за својата иднина.