Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков го оцени денеска како „неточен и за жалење“ коментарот на претседателката на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, која го спореди итното одобрување на вакцината Спутник В со играње руски рулет.

-Што се однесува до оваа изјава, таа е во најмала рака за жалење, а според наше мислење не е точна, истакна Песков на прес-конференција.

Тој нагласи дека побарувачката за вакцината и процесот на вакцинација во многу земји укажува на нејзината релевантност и популарност.

-Русија е против политизација на вакцините, имајќи го предвид фактот дека руската вакцина против Ковид-19 понекогаш се соочува со неоснована критика, додава Песков.

Според него, руската вакцина Спутник В е исклучително ефикасна. (МИА)