Русија бара од Украина да ги прекине сите воени дејствија, да го смени својот Устав, да го признае Крим како дел од Русија, и да ја признае независноста на сепаратистичките републики Доњецк и Луханск.

Ова, според портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков се барањата на Москва по 12 дневната војна во која загинаа илјадници луѓе, а над 1,7 милиони Украинци избегаа во околните држави.

Песков за Ројтерс изјави дека Украинците се свесни за услови, и им било кажано „дека сѐ може да запре за момент“.

Меѓу руските барања е и смена на украинскиот устав со што земјата ќе се откаже од амбициите да стане членка на ЕУ и НАТО.

Портпаролот тврди дека Русија нема дополнителни територијални аспирации кон Украина, и тврди дека не е точно оти се бара „предавање на Киев“.