Доцна во ноќта Флорентино Перез, прв човек на Реал Мадрид и човек кој ја покрена идејата за Европска Супер лига уште во 2009-та година, даде интервју во кое зборуваше за ова натпреварување по откажувањето на англиските тимови, па Интер и Милан.

Но, тој вели дека идејата се уште не е мртва и има шанси да се оствари, дури без германски и француски тимови, а тврди дека Јувентус и Милан се уште не се откажале.

-Јувентус и Милан не ја напуштија лигата. Барселона се уште размислува за тоа. Можеби можеме да направиме одредени промени во системот, да влегуваат по четири најдобри од Англија, Шпанија…Важно е големите клубови да играат едни против други за да фудбалот повторно ги привлече децата, вели тој.

Тој вели дека во оваа „фудбалска пирамида“ би заработиле апсолутно сите.

-Доколку овој проект не успеа, друг сигурно ќе успее. Сите 12 клубови потпишаа договори и проектот е сосема остварлив без германски и француски клубови, изјави Перез.